Заев во Загреб на средба со Милановиќ
11.05.2016 15:08
Главна тема била разрешницата на актуелната политичка криза во земјава, при што Заев го запознал Милановиќ со барањето за укинување на одлуката за аболиција донесена од претседателот Иванов.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Загреб, Хрватска, разговараше со претседателот на Социјал- демократската партија Зоран Милановиќ.
Главна тема била разрешницата на актуелната политичка криза во земјава, при што Заев го запознал Милановиќ со барањето за укинување на одлуката за аболиција донесена од претседателот Иванов.
Мора да има регуларни избори и притоа да се исполни целосно јунско-јулскиот договор, изјавил Заев на средбата.
