Истекува рокот за кандидатски листи

11.05.2016 15:57

На полноќ истекува рокот за доставување кандидати за пратеници до Државната изборна комисија. ВМРО-ДПМНЕ не открива, СДСМ, ДУИ и ДПА не поднесуваат. Листи има Народното движење за Македонија...

Според роковникот за извршување на изборните дејствија, на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници.Од ДУИ и од ДПА за МТВ потврдија дека до Државната изборна комисија нема да достават кандидатски листи. Портпаролот на интегративците Бујар Османи не сакаше да ја дообјасни одлуката, а Имер Алиу вели дека нема услови за избори на 5-ти јуни. Социјалдемократите и нивните коалициски партнери неколкупати го повторија ставот дека услови за фер и кредибилни избори на 5-ти јуни нема.

Лидерот на СДСМ Заев нагласи дека тие не се за нов фиксен датум за избори,туку за условен,што подразбира како што вели Заев, целосно пречистен избирачки спиосок,регулација на медиумите и одвојување на партијата од државата.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ засега се без официјален став дали ќе поднесат свои кандидатски листи. Народното движење за Македонија на Јанко Бачев до ДИК ги достави листите за пратеници за 6-те изборни единици. Од партијата велат дека услови за избори на 5-ти јуни, и дека тоа е единствениот излез од политичката криза. Бачев смета дека избирачкиот список е пречистен.

Откако ќе ги добие листите, Државната изборна комисија има 48 часа да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат, исто така, во рок од 48 часа.

 

Милчо Велески