„Силк роуд фонд“ ја презеде Алфа банка
11.05.2016 15:39
Како сопственик на фондот се јавува Пакистанец кој веќе работел со инвестициските фондови на Балканот, но и во САД.

Филијалата на грчката Алфа банка во земјава е продадена за 1,2 милиона евра на инвестицискиот фонд „Силк роуд“ со седиште во Швајцарија.
Како сопственик на фондот се јавува Пакистанец кој веќе работел со инвестициските фондови на Балканот, но и во САД. Банката наскоро ќе го смени името во „Силк роуд банка“.
