Одложено судењето на браќата кои нападнаа доктор на Дигестивна хирургија

11.05.2016 16:22

Нивниот адвокат бил зафатен со друго судење, по што судијата го одложи рочиштето. Настанот се случи на деветти ноември минатата година, на одделот за Дигестивна хирургија.

Се одложи судењето на браќата кои се обидоа да го убијат хирургот што ја оперираше нивната мајка, по што таа почина, а истовремено нападнаа и член на обезбедувањето на Клиничкиот центар.

Нивниот адвокат бил зафатен со друго судење, по што судијата го одложи рочиштето. Настанот се случи на деветти ноември минатата година, на одделот за Дигестивна хирургија.

Браќата влегле во лекарската соба, при што едниот испукал седум куршуми кон лекарот Љубомир Огненовиќ и му нанел повреди на левата нога.

Адвокатот на лекарот денеска рече дека тој се наоѓа во добра здравствена состојба.