Македонија привлечна за авантуристите
Македонија е избрана за топ дестинација од страна на најголемиот травел магазин во Eвропа „Вондерласт травел“ од Велика Британија. Од убавините на нашата земја се воодушевени и претставниците на дваесет и петте специјализирани медиуми за туризам, како и на шеесет и петте тур-оператори кои што учествуваат на големата регионална конференција за активен туризам која се одржува во Охрид.

Македонија е една од најатрактивните туристички дестинации во Европа за луѓето кои трагаат по авантури. Претставниците на странските тур-оператори и специјализираните медиуми се воодушевени од она што го нуди нашата земја и не без причина Македонија е избрана за топ дестинација од најголемиот травел магазин во Европа „Вондерласт Травел“ од Велика Британија, кој има сто илјади претпалтници.
„Милсам дека Македонија има многу што да понуди на британците, британските патници секогаш бараат нови искуства, велосипедизам, пешачење, се што е поврзано со природните убавини и активности“, вели Лин Хју- „Вондерласт Травел“.
Руралните средини и националните паркови, надвор од големите градски центри се најпривлечни за авантуристите, а во истовреме тоа ќе има големо влијание за развој на малите бизниси.
„Сите заедно, медиумите, тур-операторите, луѓето од туристичката индустрија треба да работат заедно на една одговорна форма на туризам што ја заштитува природната средина, културата во земјите кои се работат, за да имаме бенефиции за локалното население и за малите бизниси кои работат во туризмот“, изјави Крис Дојл, извршен директор на АТА за Европа.
На конференцијата за активен туризам во Охрид беа презентирани успешни приказни од Балканот меѓу кои најголемо внимание предизвикаа оние за преживување во природа, како да се понуди и задржи атрактивноста на еден туристички производ, но и како да се исполнат очекувањата на гостите.
Сашо Нелоски
