Јоханес Хајндл на средби во Македонија
12.05.2016 10:04
Во земјава ќе разговара со лидерите на партиите- потписнички на Пржинскиот договор за изнаоѓање решение за политичката криза.

Денеска и утре во Македонија престојува германскиот специјален пратеник, амбасадорот Јоханес Хајндл. Во земјава ќе разговара со лидерите на партиите- потписнички на Пржинскиот договор за изнаоѓање решение за политичката криза.
Позитивен сигнал дека официјален Берлин е заинтересиран да помогне, е оценката на шефот на дипломатијата Никола Попоски.
