Зголемено земјоделско производство

12.05.2016 10:07

2015-та година по успешна во земјоделството од 2014-тата. Според статистика зголемени биле и обработливите површини и родот кај поголем број култури...

Земјоделските површини во 2015-та се зголемени за 0,1 процент во споредба со претходната година.

Кај ораниците и бавчите за 0,4 кај овоштарниците за 3,6 и кај лозјата за 0,8 проценти.

Намалување пак е забележано кај ливадите од 0,8 до 0,1 отсто кај пасиштата.

Исто така лани , во споредба со 2014-та, поголемо зголемување на производството имало кај доматите за 8, пиперките за 7,7 и краставиците за 38 проценти. Намалување е забележано кај житата, тутунот, сончогледот, компирот и луцерката.

Овошјето, пак, освен кај црешите ,бележи зголемување кај сите видови, додека кај грозјето родот е зголемен за дури 66 проценти.

 

Методија Трајков