Побарувачката на енергија ќе се зголемува

12.05.2016 10:14

Бројот на населението во светот нема да расте, но побарувачката на енергија ќе се зголемува, се наодите на прегледот за енегијата во 2016-та на американската енергетска администрација. Во наредните децении ќе се зголемува користењето на обновливите извори на енергија...

Побарувачката на енергија ќе расте до 2040-та поради зголемување на индустриското производство. Јагленот се уште е главно гориво, но во наредните децении, природниот гас, обновливите извори на енергија и јагленот ќе учествуваат со по една третина во производството на енергија во светот.

„Ќе видиме на глобално ниво значителен раст на користењето на обновливите извори на енергија. Гледано од географски аспект, интересно е дека Кина, Европа и САД доминираат, а Канада и Бразил за хидроцентралите. Пошироко е користењето на обновливи извори на енергија во САД, Европа и во Кина“, изјави Адам Симински- админстратор на американската енергетска администрација.

Кина ќе биде најголем производител на енергија во Азија. Саудиска Арабија, Иран и Ирак ќе останат најголеми проиводители на нафта, а Русија на природен гас. Според прегледот на американската енергетска администрација, побарувачката на енергија најмногу ќе се зголемува во Азија и во Африка. Атомската енергија ќе се користи најмногу во Северна Америка.

Во наредните две децении, насекаде во светот ќе расте побарувачката на горива што се користат во транспортот.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ