Со активни мерки 4 илјади вработувања

27.01.2014 18:10

Младата стилистка ги реализира желбите на своите клиeнти. Обидите да се вработи биле безуспешни,па на 24 години со пари преку програмите за вработување почнала сопствен бизнис.

„Решив трудот да го вложам во нешто свое,aко работам да работам за себе“- вели Елена Максимовска, моден дизајнер

Помош за сопствен бизнис и годинава ќе можат да добијат многу невработени. Со бројните мерки од оперативниот план за вработување во 2014 ќе се вработат повеќе од 4 илјади граѓани. За една недела ќе има оглас наменет за мерката ,,Прва шанса,, со која ќе се помага вработување на младите до 29 години кои дипломирале во минатата година, за субвенционирање обука за Д-категорија по што ќе следува вработување, и за субвенционирање обуки кај познат работодавач.

„Основен услов за користење на мерката Прва шанса, и за обуките за Д- категорија за возачка дозвола и за обуката кај познат работодавач е лицето да е евидентирано во Агенцијата за вработување барем еден ден пред да биде распишан огласот“ -  изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

Годинава за активните мерки за вработување се издвоени 525 милиони денари.

Наташа Јанчиќ