Ципрас „најсиромашен“ меѓу колегите
Ципрас пријавил приходи во износ од 69.000 евра, влогови за 7.000 евра, еден стан од 114 квадратни метри и мотоцикл.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, според пријавените годишни приходи кај даночните власти, е „најсиромашниот“ избран функционер во споредба со неговите колеги министри во владата, од кои неколкумина имаат приходи од половина милион евра.
Иако политичарите пријавуваат дека приходите им се од пратеничките плати, некои од нив имаат и депозити од над половина милион евра и банкарски сметки во американски долари и британски фунти.
Ципрас пријавил приходи во износ од 69.000 евра, влогови за 7.000 евра, еден стан од 114 квадратни метри и мотоцикл.
Шефот на државата Павлопулос пријавил приходи од над 80.000 евра, а лидерот на опозициската Нова демократија, Мицотакис, приход од 81 илјада евра и 19 недвижни имоти.
