Спасов на распит во СЈО
12.05.2016 11:21
Случајот „Нешковски“ е под ингеренции на ова обвинителство, откако опозицијата во една од бомбите објави снимени разговори, наводно, меѓу високи полициски функционери и министри.

Поранешниот полициски специјалец и припадник на „Тигрите“, Игор Спасов кој е осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешковски, утрово повторно бил донесен на распит во Специјалното обвинителство под силно полициско обезбедување.
Случајот „Нешковски“ е под ингеренции на ова обвинителство, откако опозицијата во една од бомбите објави снимени разговори, наводно, меѓу високи полициски функционери и министри.
Од ова обвинителство немаше коментар за медиумите ниту при првиот распит на осудениот Спасов, повикувајќи се на тајност на предистражната постапка.
