Сѐ помалку американци се приклучуваат кон ИД
12.05.2016 11:23
До пред две години, меѓу шест и 10 американци секој месец заминувале на Блискиот исток, со цел да се приклучат на борбите на исламистите...

Директорт на ФБИ, Џејмс Коми, изјави дека сѐ помалку американци одат во странство за да се приклучат на Исламска држава.
До пред две години, меѓу шест и 10 американци секој месец заминувале на Блискиот исток, со цел да се приклучат на борбите на исламистите, но сега тој број, како што вели Коми, се намалил во просек на едно лице месечно.
Агентите на ФБИ и натаму вршат проценки на повеќе од 1.000 случаи, со цел да се одреди нивото на радикализацијата и потенцијалот на насилството.
