Кривична пријава за апсолвентка поради убиство на дете при пораѓање
12.05.2016 11:37
За нејзината бременост не постоеле лекарски контроли, а била седми или осми месец во бременост. И покрај тоа таа тргнала на апсолвентска екскурзија. Се породила во тоалетот на граничниот премин Табановце.

23- годишна скопјанка заработи кривична пријава за убиство на дете при пораѓање. За нејзината бременост не постоеле лекарски контроли, а била седми или осми месец во бременост. И покрај тоа таа тргнала на апсолвентска екскурзија.
Се породила во тоалетот на граничниот премин Табановце. Од МВР информираат дека од истрагата било констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови.
