Калиопи вечер ќе ја претстави Македонија на „Евросонг“

12.05.2016 11:53

Калиопи на втората полуфинална вечер ќе настапи под реден број осум со песната „Дона“ која ја компонираше Ромео Грил...

Македонската поп дива Калиопи вечер ќе ја претстави Македонија  на 61-то издание на Изборот за песна на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Шведска.

Калиопи на втората полуфинална вечер ќе настапи под реден број осум со песната „Дона“ која ја компонираше Ромео Грил.

Ова е вторпат Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира во финалето.