Во првиот квартал бројот на туристи зголемен за 16,7%

12.05.2016 12:15

Кај домашните туристи има зголемување за 18,4%, а кај странските има зголемување за 15,8%...

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во периодот јануари- март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7%. Кај домашните туристи има зголемување за 18,4%, а кај странските има зголемување за 15,8%.

Во истиот период бројот на ноќевањата е зголемен за 21% и тоа кај домашните туристи има зголемување за 29,5%, а кај странските има зголемување за 15,1%.

Како што соопшти ДЗС, бројот на туристите во март 2016 година изнесува 44.593, а бројот на ноќевањата изнесува 94. 566. Во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 25,8%.

Бројот на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23,2%, а бројот  на странските туристи е зголемен за 23,4%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во истиот период е зголемен за 39,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17,3%.