Хаос на париските улици

27.01.2014 18:34

И во Парис се случи - народот на улица....

И во Парис се случи - народот на улица. Демострантите побараа оставка на францускиот претседател Франсоа Оланд  носејќи  пароли „стоп на истополните бракови“. Група демостранти фрлале молотови коктели, врз полицајците кои возвратиле со солазавец . Билансот  од судирите  е 150 повредени лица, и 19 полицајци.

Епилогот по медиумската љубовна афера на  францускиот претседател Оланд со француската актерка заврши со одлуката  тој да продолжи сам без сопатничката Валери Тривиер ,за што француската  јавност  по сето ова остана поделена во реакциите

„Има многу  гладни  низ улиците , секалуслниот живот на претседателот најмалку ме интересира“  - изјава од граѓанин

 Во меѓувреме  шефот на француската држава  замина  во Турција и покрај тоа што повеќе не е прва дама на Франција, Тривиер отпатува за Индија во посета на  болните индиски деца , прв пат појавувајки се откако остана сама без Оланд. 

Аферата „Оланд“ за противницте на социјалистите - француските десничари ја искористија уште еднаш да потсетат дека  на Франција  и е потрбна нова политичка алтернатива и дека  народот ке треба да  се изјасни за политиките на социјалистите  пред  локалните избори но и за тоа кој ке ја претставува земјата  во новиот  состав на европскиот парламент.

Мирјана  Василева