ДИК ќе ги разгледува поднесените листи на кандидати за пратеници

12.05.2016 12:21

Според Законот има рок од 48 часа да ги провери дали се во согласност со Изборниот законик, а политичките партии доколку има неправилности во листите, исто така за 48 часа треба да ги корегираат...

Државната изборна комисија на седница ќе ги разгледува поднесените кандидатски листи. Според Законот има рок од 48 часа да ги провери дали се во согласност со Изборниот законик, а политичките партии доколку има неправилности во листите, исто така за 48 часа треба да ги корегираат.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ достави листи за пратеници за сите 6 изборни единици. Останатите три големи партии, СДСМ, ДУИ и ДПА не поднесоа листи во законскиот рок.

Вчера во Државната изборна комисија кандидатските листи ги официјализираше Народното движење за Македонија и Социјал-демократската партија на Македонија.