Деветти научен собир на млади македонисти
Професорите од Филолошки факултет „Блаже Конески“ велат дека овој собир е многу значаен за самиот факултет и воопшто за македонистите, бидејќи го покажува напредокот на младите.

Отворен деветтиот дводневен научен собир на млади македонисти - конференција во чест на Лилјана Минова-Ѓуркова. Професорите од Филолошки факултет „Блаже Конески“ велат дека овој собир е многу значаен за самиот факултет и воопшто за македонистите, бидејќи го покажува напредокот на младите.
Собирот е многу значаен за Филолошкиот факултет и за македонистите општо затоа што го покажува напредокот на нашиот подмладок, вели проф. д-р Искра Пановска-Димкова од Организацискиот одбор на собирот. Таа изрази задоволство што годинава има учесници од Македонија и од странство, сите оние кои се занимаваат со македонскиот јазик и со македонската книжевност.
Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска истакна дека овој собир на млади македонисти почна со цел да се здружат младите сили и да се покаже нивниот интерес кон македонскиот јазик. Младите, како што рече, сакаат да видат што се случува во македонската литература и култура, за кои теми се пишува, како се пишува, а иксуствата ги понесуваат и во своите држави и прават споредби.
