Столтенберг: НАТО и во иднина ќе ги развива одбранбените можности
12.05.2016 13:20
Според Столтенберг, базите за ПРО во Полска и во Романија „значително ќе ги прошират одбранбените можности на НАТО“.

По разместувањето на американскиот систем за противракетна одбрана „Иџис“ во Романија и Полска, НАТО и во иднина ќе ги развива своите одбранбени можности, вклучувајќи ја и сферата на ПРО, изјави генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг во статијата што денеска беше објавена од полскиот весник „Газета Виборча“.
Според Столтенберг, базите за ПРО во Полска и во Романија „значително ќе ги прошират одбранбените можности на НАТО“. Важно е што механизмот што го создадовме има одбранбен карактер и воопшто не му се заканува на рускиот нуклеарен арсенал, тврди генералниот секретар на НАТО.
