Нема настава во „Јосип Броз Тито“ во Струга
27.01.2014 18:49
ела зима нај големото основно училиште во Струга работи со скратени часови а веќе од денес не се одржува и настава....
Цела зима нај големото основно училиште во Струга работи со скратени часови а веќе од денес не се одржува и настава. Причина немање на нафта.
- Празни училници е денешната слика во нај големото основно училиште Јосип Броз Тито во Струга поради немање на нафта.
430 ученици денес останаа дома. Проблемот со немањето на нафта за греење кој трае со почетокот на оваа зима се уште не е разрешен.
- Имаме проблем со греењето уште од средата и немаме нафта за понатамошно функционирање на училиштето. Со оглед дека четвртокот и петокот времето беше топло немавме губење на топлотната енергија, но веќе денес со оглед на утринската -5 степени немаме услов за понатамошна работа, изјави директорката Ана Столеска.
Родителите бараат итно решавање на овој проблем.
- Ситуацијата е навистина тешка и неможам да сватам како е возможно во 21 век да се нема греење е навистина не поимливо, вика претседателот на совет на родители.
Општината која е задолжена за овој проблем топката ја префрла кај добавувачот.
- За Јосип Броз Тито се нарачани 8 тони нафта, но проблем имаше со снабдувањето, технички проблеми поради кои не можеле нафтата навремено да ја достават, вика советникот за образовани во општина Струга, Лавдрим Елмази.
Од општината се надеваат дека во текот на утрешниот ден проблемот ќе биде решен.
- Се слушнавме со компанијата која ја снабдува нафтата и од таму добив ветување дека утре сабајле нафтата ќе биде доставена до ова училиште, додаде советникот за образование.
Од основното училиште Јосип Броз Тито не им е јасно како другите помали училишта добиле по 8 тони нафта а ова училиште само 2.5 тони. Со оглед настаната ситуација дошло и до вербални препукувања и закани од страна на советникот за кои директорката има поднесено и кривична пријава до струшката полиција.
Новинар: Јованчо Наумоски
Снимател и монтажа: Сашо Кленкоски
