Дилма Русеф суспендирана од функцијата
Со одлуката претседателката е суспендирана од функцијата првично на максимално 180 дена, а нејзините должности ги презема нејзиниот противник, заменик претседателот Мишел Тамер.

По целоноќна дебата, изутрината во главниот град Бразилија, 55 сенатори гласаа во прилог на постапка за отповикување на Дилма Русеф, а 22 беа против.
Со одлуката претседателката е суспендирана од функцијата првично на максимално 180 дена, а нејзините должности ги презема нејзиниот противник, заменик претседателот Мишел Тамер.
Во периодот на отповикувањето на Русеф, сенатот низ процес треба да разјасни дали досегашната претседателка ги прекршила буџетските правила за да обезбеди свој реизбор во 2014 година.
Таа го негира обвинението и зборува за обид за пуч. Ако сенатот по процесот се изјасни со дветретинско мнозинство против Русеф, таа дефинитивно ја губи функцијата.
