Реден број 08 за Македонија со Калиопи и „Дона“
Да се надеваме дека меѓу 10- те финалисти вечерва ќе ги видиме и Македонија со Калиопи и Дона. Во големото финале ќе настапат 26 земји, а ќе гласаат сите 42 земји колку што учествуваат на годинашниов Избор за песна на Евровизија Стокхолм 2016.

Вечерва во Стокхолм, престолнината на Кралството Шведска во „Ериксон Глоуб Арената“ на ред е втората полуфинална вечер од годинашново 61 издание на „Изборот за песна на Евровизија“ 2016. Според гласовите на жирито и телевоутингот, во вторникот беа одбрани 10 финалисти од првата полуфинална вечер: Русија, Хрватска, Кипар, Азербеџан, Ерменија, Малта, Холандија,Чешка, Унгарија и Австрија. Во финалето покрај веќе одбраните финалисти од првата полуфинална вечер, ќе ги видиме и земјите од големата петорка , земјата домаќин Шведска, и уште 10 полуфиналисти од втората полуфинална вечер - коишто ќе ги дознаеме вечерва. Да се надеваме дека меѓу 10- те финалисти вечерва ќе ги видиме и Македонија со Калиопи и Дона. Во големото финале ќе настапат 26 земји, а ќе гласаат сите 42 земји колку што учествуваат на годинашниов Избор за песна на Евровизија Стокхолм 2016. Во вторникот на социјалите мрежи наголемо се дебатираше за казната којашто ќе ја добијат Русите и нивниот национален радио дифузер поради објавување на гласовите на една членка на нивното стручното жири. Членката на жирито беше дисквалификувана и нејзините гласови нема да се земат предвид, но дали ќе има дополнителни финансиски санкции ќе се знае веќе на следниот состанок на референтната група на ЕБУ.
На официјалната прес конференција на 10- те финалисти од првото полуфинале, одржана веднаш по првата полуфинална вечер во вторникот, се чини се беше фрлено во сенка од скандалот што се случи за време на прогласувањето на Ерменија за финалист, а причина за истиот е што претставичката на Ерменија Iveta Mukuchyan се сликаше со знамето на непризнаената земја - Нагорно Карабах - поради којашто Ерменија и Азербеџан се во судир веќе неколку децении. Белорусинот сакаше да настапува гол вечерва на евровизиската сцена заедно со неговите миленичиња, три вистински полудиви волци, но правилата на ЕБУ се јасни - нема голотија ниту пак малтретирање на животни на сцената.
Сега за сега, навистина интересно од тој аспект евровизиско издание, но и вобудливо зошто ова ќе биде досега сценско и визуелно-технички ненадминато евровизиско издание. Во 1999 година ЕБУ го укина правилото секоја земја да настапува со песна на својот официјален национален јазик, па така најголемиот дел од песните и вечерва ќе бидат одпеани на англиски. Македонија со Калиопи и „Дона“ со македонскиот јазик, се вистинско освежување и во тој контекст.
Стручното жири составено до вкупно 105 етаблирани имиња вчеравечер ги депонираше своите гласови на втората комплетна генерална проба, а вечерва на ред е телевизискиот аудиториум.Телефонскиот број ќе биде објавен на екраните и ќе важи само за 18 те земји коишто ќе ги видиме вечерва, но заедно и со публиката во Германија, Обединетото Кралство и Италија.
Имајќи предвид дека македонската дијаспора е бројна токму во повеќето од земјите што ќе гласаат вечерва, повик за нив: да ја подржат Македонија и Калиопи за влез во финалето. Гласовите на публиката преку телевоутинг во однос 50:50 % се додаваат на гласовите од стручното жири и со тоа се одредува кои 10 земји ќе добијат пласман во финалето.
Калиопи овде во Стокхолм, каде и да се појави предизвикува голем медиумски нтерес, но тука се и бројните фанови од целиот Балкански регион кои ја препознаваат не само во „Глоуб Арената“ туку и по улиците на градот, барајќи нејзини автограми и фотографии со неа. Со професионален кредибилитет и лична харизма којашто никого не остава рамнодушен, Калиопи во овие изминати денови даде бројни интервјуа и изјави за акредитираните новинарски екипи на печтени медиуми и ТВ екипи на нациналните радио дифузери. Вечерва на сцената заедно со Калиопи се и нејзините пратечки вокали: Јулија,Маја,Калина и Марија како и Горан на ударни инструменти, којшто со неа настапи и во Баку, кога Калиопи го обезбеди и последниот влез во финалето за Македонија досега. Вечерашново полуфинале според квалитетот на песните и креативноста во сценските настапи е многу посилно и повозбудливо од првата полуфинална вечер во вторникот. Во интервал актот додека се пребројуваат гласовите, ќе имате можност да видите: како танцуваат луѓето и вистинските робот-машини на сцената . За саботното финале во интервал актот, организаторот шведскиот национален радио дифузер и ЕБУ, го највија ексклузивниот настап на една од најголемите светски музички ѕвезди: Џастин Тимберлејк, којшто токму на Евровизиската сцена ќе ја промовира својата нова песна.
Директниот пренос на МРТ започнува во 21 часот, а истиот се очекува да биде проследен од над 250 милиони гледачи.
Каролина Петковска, официјален коментатор на МРТ од „Евросонг“- Стокхолм 2016
