Калиопи не се пласираше во финалето на Евровизија

12.05.2016 23:15

Калиопи маестрално и со многу емоции ја изведе песната „Дона“, настапувајќи осма на втората полуфинална вечер...

Македонската поп дива Калиопи иако одлично ја претстави Македонија на 61-то издание на Изборот за песна на Евровизија кој се одржува во Стокхолм, Шведска, сепак, не успеа да ја однесе Македонија во финалето.

Калиопи маестрално и со многу емоции ја изведе песната „Дона“, настапувајќи осма на втората полуфинална вечер. Публиката и жири комисијата одлучија претставниците на Летонија, Грузија, Бугарија, Австралија, Украина, Србија, Полска, Израел, Литванија и Белгија да им се придружат на финалистите во сабота, кога и ќе се одржи големото финале.

Покрај „големата петорка“ во финалето ќе настапат и најдобрите од првата полуфинална вечер претставниците на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта.

Ова е вторпат Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија, откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира во финалето.