Заврши користењето на средствата од ИПАРД 1 програмата

13.05.2016 10:01

Заврши користењето на средствата од ИПАРД 1 програмата. Остануваат да се доработат уште последните барања, за да почне објавувањето на огласите од ИПАРД 2.

Реализацијата на ИПАРД 1 беше најголема во последниве две години.

Користењето на ЕУ фондовите согласно строгите правила на Унијата, воспостави административни капацитети, законска база и обука за македонските земјоделци да аплицираат за ко-финансирање на нивните инвестиции според европските стандарди.

Во тек на 5 години колку што реално се спроведува програмата беа објавени 12  јавни повици на кои аплицираа повеќе од 3.000 баратели .

Досега се исплатени 7,4 милиони, а до крајот се очекува да се исплатат уште 11 милиони евра за ИПАРД корисниците.

Во ИПАРД 2 програмата има олеснување во критериумите и зголемување на ко-финансирањето, од 50 на 60 проценти за поддршка на примарно земјоделско производство и на 65 проценти за малите бизниси во рурални средини.

 

Методија Трајков