САД и ДУИ повикуваат за одлагање на изборите
САД ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата и да се спроведат реформите, велат од Амбасадата за една новинска агенција.

Доколку има избори на 5-ти јуни, тие нема да придонесат за решавање на политичката криза во земјава, туку ќе ја загрозат евроатлантската интеграција, велат во Американската амбасада.
САД ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата и да се спроведат реформите, велат од Амбасадата за една новинска агенција.
На својата Фејсбук страница, објавува истата агенција, лидерот на ДУИ, Ахмети најавува дека неговата партија ќе поднесе иницијатива за итно свикување на Собранието.
Без учество на ДУИ, СДСМ и ДПА, изборите не се почеток на решавање на кризата, туку нејзино продлабочување, оценува Ахмети.
Тој ги охрабри сите политички партии да се приклучат кон иницијативата за враќање во Собранието.
