Бегалска криза: Расте бројот на обидите за илегално преминување на границата

13.05.2016 10:08

По најавата на министерот за миграција Mузалас, за прераспределување на мигрантите од пограничното село Сеово, во околните прифатни центри во Грција, што треба да се реализира најдоцна до 30-ти мај, во неколку наврати околу илјада мигранти се обиделе да ја преминат границата.

Зголемен е бројот на илегалните премини на грчко- македонската граница. По најавата на министерот за миграција Mузалас, за прераспределување на мигрантите од пограничното село Сеово, во околните прифатни центри во Грција, што треба да се реализира најдоцна до 30-ти мај, во неколку наврати околу илјада мигранти се обиделе да ја преминат границата.

Неофицијално, криумчарите наплаќаат по 800 евра од мигрант, кои преоѓаат кај гевгелиското село Моин, на Кожуф планина, кај вештачката брана Паљурци во близина на Богданци, и мал дел на падините на Беласица.