Образование во САД: Младите се стимулираат за избор на научни студии

13.05.2016 10:19

Малку Американци се заинтересирани за студирање на технички науки, иако за овие професии има заганрантирано вработување. Американските компании и власти се обидуваат да го сменат овој тренд, за да не се загуби научниот потенцијал за иновации и развој на нови технологии.

Соединетите Американски Држави го губат приматот во светот за научни откритија и за иновации. Затоа приоритет на компаниите и на државните институции е да се стимулираат младите да изберат студирање на наука, технологија, инжинерство и математика. Американската вселенска агенција НАСА смета дека без млади научници нема да биде возможна миисјата на Марс.

„Ги користиме нашите вселенски мисии за да ги испирираме младите. НАСА има буџет од 90,3 милијарди и толку трошиме на образование за наука, технологија, инжинерство и математика. Се штп правиме е да ги заинтересираме младите за наука“, вели Чарлс Болден, Администратор на НАСА.

Младите инжинери и компјутерски експерти се барани од приватните компании и федералната влада и имаат загарантирано вработување. Иноваторот и основачот на „Фрст“ организацијата за инспирација и признавање на науката и технологијата Дин Камен, преку програми за млади студенсти во 89 држави во светот, ги популизира техничките науки.

„Технологијата е супер. Секое дете вели мразам наука, но ги сакаат „Војна на ѕвездите„. Секое дете коешто вели дека мрази инжинерство, носи супер компјутер и се навлезени во основите на инжинерството. Според мене, нашата индустрија и култура треба да го врати интересот во училиштата за напорната работа на изучување на науката“, изјави Дин Камениноватор и основач на организацијата „Фрст“.

Најмногу Американци се одлучуваат да се занимаваат со спорт или да студираат бизнис, право или медицина.

Младите Американци намногу избираат спортови. Само 16 проценти од нив избираат наука.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ