Масовни протести во Бразил по отповикувањето на претседателката Русеф
13.05.2016 10:32
Во знак на поддршка на суспендираната претседателка, тие вееја знамиња и играа на улиците, за, како што велат, национален спас на Бразил.

Откако бразилскиот Сенат изгласа отповикување на претседателката Русеф, и откако беше најавено формирање на нова влада, на улиците на Сао Паоло и на Рио се одржуваат масовни протести.
Во знак на поддршка на суспендираната претседателка, тие вееја знамиња и играа на улиците, за, како што велат, национален спас на Бразил.
Во меѓувреме, е назначен привремен претседател, 75 годишниот Михел Темер од партијата на центарот на Бразил.
