Британскиот виртуелен мобилен оператор „Лајкамобил“ влегува на македонскиот пазар

13.05.2016 11:19

„Лајкамобил наскоро доаѓа во Македонија, ќе донесе ниски цени за национални и меѓународни повици, пораки и податоци“- се вели во соопштението од операторот.

На македонскиот телекомуникациски пазар влегува нов виртуелен оператор. Компанијата „Лајкамобил“ објави дека нашата земја ќе стане дел од нејзината меѓународна мрежа.

„Лајкамобил наскоро доаѓа во Македонија, ќе донесе ниски цени за национални и меѓународни повици, пораки и податоци“- се вели во соопштението од операторот.

Македонија би требало да стане 21 држава во којашто е активен овој виртуелен оператор, кој засега брои 15 милиони корисници во 20 држави.

Со ова треба да се засили конкуренцијата во земјава, бидејќи во моментов има два оператора:  „Телеком“ и „ВИП“.

Во Македонија веќе имаше еден виртуелен оператор, „Албафон“, кој немаше долг век на траење.