Охрискиот аеродром втор најбрзорастечки во Европа
Од операторот „ТАВ Македонија“ велат дека ова се должи на новите линии кон Базел, Цирих и Лондон.

Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ е на второто место на најбрзорастечки аеродроми во Европа до 5 милиони патници, со пораст од 174 проценти во првиот квартал. Ова признание доаѓа од „ACI Europe“, Меѓународeн совет на аеродроми за европскиот регион. Од операторот „ТАВ Македонија“ велат дека ова се должи на новите линии кон Базел, Цирих и Лондон.
Продолжува трендот на зголемен сообраќај низ македонските аеродроми, покажуваат последните податоци на „ТАВ Македонија“.
Во првите четири месеци, вкупниот број на превезени патници низ двата аеродрома изнесувал 486 илјади 968 луѓе, што претставува раст од 28 проценти во однос на истиот период од 2015-та година. Бројот на операции е зголемен за 15 отсто.
