Командант на Хезболах убиен во Дамаск

13.05.2016 11:41

Мустафа Бедредин загина по големата експлозија во близина на аеродромот во Дамаск, а според неофицијални извори, неговото ликвидирање се поврзува со нападот на Израел...

Еден од командантите на Хезболах е убиен во Дамаск, Сирија, информираше милитантната организација во Либан.

Мустафа Бедредин загина по големата експлозија во близина на аеродромот во Дамаск, а според неофицијални извори, неговото ликвидирање се поврзува со нападот на Израел.

Хезболах го поддржува сирискиот претсетадел Башар Ел Асад, и испрати илјадници борци во Сирија.