Стечаите на пет кумановски фирми во основниот суд во Велес
27.01.2014 19:21
Стечајанта постапка над кумановската фирма „Југ Турис“ се затвори во Основниот суд во Велес...

Стечајанта постапка над кумановската фирма „Југ Турис“ се затвори во Основниот суд во Велес. По неколку рочишта, скопски „Руле Турс“ се стекнал со правото да располага со имотот на „Југ Турис“.
Покрај за „Југ Турис“, во Основниот суд во Велес ќе се решава судбината на уште четири фирми чија стечајна постапка „заглавила“ во кумановскиот Основен суд.
„Добивме пет стечајни предмети на компании од Куманово, стари по десет па и повеќе години. За некои се воделе постапки, но некои стоеле во фиоки. Ги добивме кон крајот на ноември минатата година. Веднаш ги распоредивме и еден од нив веќе е решен, постапки ќе се водат и за останатите четири“, рече Јордан Лазаров претседателот на Основниот суд во Велес.
Прераспределбата на предметите од кумановскиот во велешкиот Основен суд е со одлука на Врховниот суд а по препорака на Владата на Република Македонија, велат од Основниот суд за МРТ.
Дијана Иванова
