Промовирана едицијата „Бајки од Македонија“

13.05.2016 12:34

Илустрациите за овие бајки ги изработи младата илустраторка Катерина Николовска...

Приказните од македонското творештво добија нов модерен идентитет во едицијата „Бајки од Македонија“. Оваа едиција е составена од четири бајки од македонското народно творештво и е веќе достапна за љубителите на пишаниот збор.

Илустрациите за овие бајки ги изработи младата илустраторка Катерина Николовска, чие идејно решение беше избрано за најдобро на јавниот конкурс објавен за оваа цел, во конкуренција од 38 пристигнати решенија.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е последниот проект на движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ- „Браво сине“.