Спомен собата на Гоце Делчев во завршна фаза

13.05.2016 12:54

Спомен собата на идеологот на македонската национална самобитност, Гоце Делчев, во црквата Свети Спас е во завршна фаза. Во неа се поместени оригинални артефакти и предмети, кои посочуваат на револуционерната борба од периодот на Делчев. Идејата е, овој комплекс да прерасне во меморијален центар...

Спомен собата на револуционерот Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ е во завршна фаза. Преку оваа мултимедијална- интерактивна музејска поставка составена од шест столба, младите генерации ќе се запознаат со шест периоди од животот на големиот револуционер. Во спомен собата голем број на оригинални артефакти и предмети, сведочат за едно време. Идејата, како што рече директорката Петрова, е овој комплекс кој годишно, го посетуваат над 15.000 посетители, да биде меморијален центар за културен натпревар.

Во дворот на црквата „Свети Спас“ е гробот на Гоце Делчев и старите вредни иконостаси, а наскоро за посетителите ќе биде отворена и спомен собата на големиот револуционер.

Проектот на Националниот конзерваторски центар за обнова на фасади во старите градски јадра, продолжува и годинава. Четири споменици на културата во Старата скопска чаршија и комплексот на црквата „Свети Спас“ каде што е и сместен Националниот конзерваторски центар ќе добијат нов изглед.

 

Александра Перевска