Зголемен бројот на заболени говеда од „јазлеста кожа“

13.05.2016 13:33

Вакцините против „јазлеста кожа“ треба да пристигнат, по што ќе почне и вакцинирањето на ниво на целата држава.

Најнова вест за болеста јазлеста кожа, која го напаѓа крупниот добиток. Од вчера до денеска се заразени нови 40 животни, вкупниот број изнесува 580. Болеста е изолирана во источните краишта на земјава.

До вчера, бројот на заболени животни беше 524, а сега бројката е нешто поголема, околу 580. Се работи за нови заболени, односно афектирани грла во општините каде што и беше присутна болеста „јазлеста кожа“, истакна директорот на АХВ по денешниот едукативен настан за домашни миленици во општина Аеродром.

Вакцините против „јазлеста кожа“ треба да пристигнат, по што ќе почне и вакцинирањето на ниво на целата држава.

Од компанијата производител беа дадени цврсти гаранции дека вакцините треба да стигнат кон крајот на овој месец. Веднаш ќе почнеме со вакцинација со оглед дека имаме изготвено акциски план, подвлече Поповски.

Според него, сточарите од зафатените подрачја чии грла не се заболени од „јазлеста кожа“, непречено го пласираат млекото.