ДУИ поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката за распуштање на Собранието
13.05.2016 14:40
Интегративците бараат одлуката да се прогласи за неуставна со што ќе му се овозможи на Собранието повторно да заседава.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на одлуката за распуштање на Собранието, потврди за Македонската телевизија портпаролот на партијата Бујар Османи.
Интегративците бараат одлуката да се прогласи за неуставна со што ќе му се овозможи на Собранието повторно да заседава.
Демократскиот сојуз во јануари поднесе ваква иницијатива, велат од паријата на Павле Трајанов. Уставниот суд донесе решение со кое ја отфрли иницијативата, прогласувајќи се дека не е надлежен да одлучува по одлуката на Собранието за негово самораспуштање.
