РСБСП со нова кампања „Млад возач- безбеден возач“

13.05.2016 15:01

148 жртви на патиштата само во 2015-та година. 25 насто од сообраќајките предизвикани од млади луѓе покажуваат последните податоци на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. „Млад возач - безбеден возач“ е најновата кампања на РСБСП. Практичните обуки ќе ги одржува македонскиот автомобилист Игор Ивановски Иџе.

148 жртви на патиштата само во 2015- та. 30 насто од починатите- млади до 29 години, покажуваат последните податоци. За да се промени сликата, Републичкиот совет за безбедност почнува нова кампања, под мотото „Млад возач - безбеден возач“. Практичните обуки на младите ќе ги одржува македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе .

400.000 млади луѓе годишно се жртви во сообраќајот. Најголемиот дел отпаѓа на средно развиените земји. Токму затоа возачите почетници се цел на проектот- велат од Републичкиот совет. Тие немаат доволно искуство имаат ограничени вештини и способности. Новата кампања треба да ја развие свеста кај младиот човек за ризиците од несовесното возење.

Искуствата покажуваат дека за матурските вечери се случуваат најголем број сообраќајни несреќи. Средношколците најчесто возат под дејство на алхохол и учествуваат во тепачки.

Проектот „Млад возач- безбеден возач“ на почетокот ќе се реализира само во Скопје, а натаму и во другите градови во Македонија. Обуката ќе биде поделена на теоретски и практичен дел. Од Републичкиот совет со апел- младите да земат учество и да ја подигнат сообраќајната култура.

 

Викторија Милевска