САД не можат да ја решат разликата за името
Наша задача е да го поддржиме процесот за името, но не и да го решиме. ...
Наша задача е да го поддржиме процесот за името, но не и да го решиме. Заменик помошникот државен секретар на САД, задолжен за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји во прва посета на земјава по стапувањето на функцијата. Порача- Македонија и Грција да работат заеднички за да го решат долгогодишниот спор.
„Не разговаравме за посебни предлози, мислам дека она што е важно е сите страни кои се заинтересирани да видат решение, да размислат за можностите и потребата да се најде решение, работиме заедно да се најдат вистинските комбинации, мерки кои ќе овозможат решение. Но, не е на САД или на ЕУ или која било трета страна да го решат спорот,туку на земјите кои се директно вклучени, а тоа се Грција и Македонија. Нашата улога е да го поддржиме тој процес“, рече Хојт Брајан Ји- Заменик помошникот државен секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања
Наследникот на Филип Рикер вели дека САД ја поддржуваат интеграцијата на земјава во ЕУ и НАТО и додава дека не постојат крајни рокови до кога ова долгогодишно прашање треба да се реши.
Првиот човек на САД задолжен за Балканот рече дека не сака да се меша во евентуалната одлука за предвремени парламентарни избори, но, смета дека доколку се одржат тие треба да бидат фер и демократски.
Груевски и Ји разговарале и за соработката на меѓународен план, економската соработка и привлекување на американските компании да инвестираат во земјава. Ји претходно имаше среди со претседателот Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и лидерите на политичките партии.
Катерина Топалова
