Бегалска криза: Мигрантите преку Египет и Либија стингнуваат до италијанските острови

13.05.2016 15:27

Над 300 мигранти успеаја да стигнат до сицилијанското пристаниште Аугуста, повеќето од нив се сиријци, а има и ирачани.

Се пренасочуваат патеките на илегалната миграција. Сѐ повеќе актуелна рутата од Египет и Либија до италијанските острови, оддалечени 350 километри од Северно-африканскиот брег.

Над 300 мигранти успеаја да стигнат до сицилијанското пристаниште Аугуста, повеќето од нив се сиријци, а има и ирачани. Тие беа спасени од италијанската крајбрежна стража. Вчера на Сицилија се истоварија над 800 мигранти.

Австрија се спротивставува на новата маршрута на потенцијалните баратели на азил и на мекиот однос на италијанската влада кон мигрантите.