Кривична пријава за девојка од Струга, ја оштетила спомен- куќата на Христо Узунов во Охрид

13.05.2016 15:44

Со спреј пишувала недолични пароли на куќата на македонскиот револуционер, што претставува македонско културно наследство и културно- историски споменик заштитен со закон од 1950 година...

24- годишната стружанка заработи кривична пријава поради оштетување на Спомен- куќата на Христо Узунов во Охрид. Со спреј пишувала недолични пароли на куќата на македонскиот револуционер, што претставува македонско културно наследство и културно- историски споменик заштитен со закон од 1950 година.

Чуварот кој го обезбедувал објектот на самото место ја затекнал девојката и ја пријавил. Надлежните велат дека е потребна комплетна конзервација на каменот и фугите.