Без Македонија во Големото финале на Изборот за Песна на Евровизија - СТОКХОЛМ 2016
За жал и овојпат Македонија нема да ја видиме во финалето, но затоа пак можеме да бидеме горди на настапот на нашата Калиопи и нашите уметници на сцената, кои дадоа се од себе и покажаа врвен професионализам.

Треба да се биде голем и достоинствен во победите, но уште повеќе во неуспесите. Нема да речеме во поразите, зошто на евровизискиот избор - не постојат поразени. Голем број од песните коишто отпаднале и никогаш не се закитиле со награди - публиката ги наградила со вечност. А додека песните се слушаат и живеат во колективната меморија, оправдан е секој труд - да се биде дел од евровизиската приказна и да се држи чекорот со Светот којшто барем за момент е со еднакви можности за сите, без разлика на географската и историската големина.
Втората полуфинална вечер на 61 то издание на најголемиот, музички избор и телевизиски спектакл на планетава во организација на Европската радио дифузна унија, за Македонија но и за уште 7 други земји донесе ново разочарување поради необезбедениот пласман во финалето, имајќи ги предвид вложената енергија, труд и посветеност.
За жал и овојпат Македонија нема да ја видиме во финалето, но затоа пак можеме да бидеме горди на настапот на нашата Калиопи и нашите уметници на сцената, кои дадоа се од себе и покажаа врвен професионализам.
Калиопи, со изведбата на композицијата „Дона“, една од ретките песни на годинашниот евровизиски избор во целост отпеана на националниот јазик на земјата учесник, масовно ги освоија симпатиите на публиката, не само во „Ериксон Глоуб арената“. Како гласаше меѓународното стручно жири од 21 земја кои своите гласови ги депонираа во средата, како и бројот на вкупно пристигнатите гласови од телевоутингот за секоја земја поединечно, ЕБУ ќе ги објави непосредно по завршувањето на големото финале во сабота.
Во финалето од втората полуфинална вечер се пласираа:
1. Украина
2. Полска
3. Литванија
4. Летонија
5. Грузија
6. Србија
7. Белгија
8. Израел
9. Бугарија и
10. Австралија
Стручното жири своите гласови ги депонираше во средата на 11.05, а во текот на директниот пренос гласаше публиката во 18 земји што настапија на второто полуфинале заедно со Германија, Италија и Обединетото кралство
По пат на жрепка на прес конференцијата на новите финалисти од втората полуфинална вечер беше одредено дали ќе настапат во првиот или вториот дел од вечерта на големото финале, коешто на програмата е во сабота на 14 ти мај со почеток во 21 часот.
