Украина и Џамала со „1944“ - победник на 61 издание на Изборот за песна на Евровизија
„Вистината секогаш ги допира срцата на луѓето“

Во саботата на 14 мај во „Ериксон Глоуб Арената “ со големото финале финишираше и годинашното издание на најголемиот музички и телевизиски спекакл во организација на Европската Радио дифузна Унија : „Изборот за Песна на Евровизија“ - Стокхолм 2016 година.
Накратко : Доза на шведски хумор и настап на големата светска музичка ѕвезда Џастин Тимберлејк во ревијалниот дел и беспрекорна реализација на директниот пренос, проследен од над 250 милиони гледачи во светот, со оглед на фактот што големото финале го превземаа и директно проследуваа покрај сите земји од EBU без разлика на нивното учество ( како Португалија на пр.), уште и Казахстан, Канада, Австралија, Кина , а годинава за првпат и Америка.
Оваа година од страна на домаќинот националниот Шведски радио дифузер и EBU беше воведена новина во начинот на презентирањето на гласовите а со цел задржување на возбудата и очекувањето до крајот на последните минути од шоуто, формат на гласање веќе во употреба на шведскиот „Мелоди Фестивален “.
Најпрвин се објавуваа гласовите на секое од националните стручни жирија акредитирани од националните радио дифузери од страна на официјални презентери во 42 земји учеснички на евровизискиот избор, а коишто своите гласови ги депонираа во петокот на втората комплетна генерална проба. Гласовите на севкупното национално жири ги одредуваше првите 50 % од вкупните поени за конечен пласман.
Стручното жири акредитирано од МРТ беше во состав : Ванчо Димитров, Наде Талеска, Горан Наумовски, Наташа Мијатовиќ - Мијата , Александар Ристовски - Принц, и како резервен член на жирито м-р Благојче Трајковски. Гласовите на македонското стручно жири ги објавуваше Дијана Гогова, водител на „Македонија Наутро“.
Вкупните поени од телевоутингот исто така во 42 земји, беше објавен најпрвин за 16 те земји со најмалку поени .Чешката република на пример не доби ниту еден поен, додека на крајот во последните минути од финалето, беа оставени гласовите од телевоутингот за 4 земји највисоко рангираи според публиката. Австралија беше четвртопласирана, Полска третопласирана според телевоутингот, Украина втора а Русија е првопласирана според гледачите во 42 земји.
Резултатите од телевоутингот ги одредува останатите 50 % од вкупните гласови за конечно рангирање со што беше одлучен и победникот : Украина со Џамала и композицијата „1944“ посветена на трагичната приказна и депортација на Кримските Татари во 1944 година.
„Кога пеете за вистината , таа допира до срцата на луѓето што ја слушаат Вашата песна.Среќна сум и за себе и за мојата земја, Украина и ве чекаме сите на 62 Избор за песна на Евровизија во престолнината на Украина .“ изјави Џамала на пресс конференцијата по финалето на 61 издание на Евровизискиот Избор. Ова е втора евровизиска победа на Украина , по победата на Руслана во 2004 тата година во Истанбул. Според гласовите на интернационалното стручно жир , ова се врвните 5 позиции и земји :
- Австралија 320
- Украина 211
- Франција 148
- Малта 137
- Русија 130
Додека пак за телевизиските гледачи во 42 земји ова беа врвните пет :
- Русија 361
- Украина 323
- Полска 222
- Австралија 191
- Бугарија 180
Комплетниот пласман на сите 26 земји е следниот :
- Украина 534
- Австралија 511
- Русија 491
- Бугарија 307
- Шведска 261
- Франција 257
- Ерменија 249
- Полска 229
- Литванија 200
- Белгија 181
- Холандија 153
- Малта 153
- Австрија 151
- Израел 135
- Летонија 132
- Италија 124
- Азербејџан 117
- Србија 115
- Унгарија 108
- Грузија 104
- Кипар 96
- Шпанија 77
- Хрватска 73
- Обединето Кралство 62
- Чешка 41
- Германија 11
Евровизиските награди “Marcel Besançon” коишто секоја година се доделуваат од страна на акредитираните коментатори за најдобар настап и беше доделена на Џамала од Украина , за интерпретација на сега победничката песна „1944“. Наградата за најдобра композиција ја доби Дамми Им од Австралија за „Sound of silence“, додека за акредитираните новинари најдобар беше Русинот Сергеј Лазарев .
Македонија и Калиопи со композицијата „ Дона “ во вкупниот пласман за втората полуфинална вечер е рангирана на 11 место. Честитки и благодарност за љубезните домаќини , Шведскиот национален радио дифузер којшто уште еднаш ги помести границите на креатива инвентивност во телевизиската реализација на уште едно спектакуларно издание на „Изборот за песна на Евровизија“
Комплетните резултати и гласови за сите 42 земји во трите евровизиски вечери можете да погледнете на http://www.eurovision.tv/page/results
Каролина Петковска, специјален известувач од Стокхолм за МРТ
