Македонска државна делегација на аудиенција кај папата Франциско
Претседателот на Собранието, Вељаноски ја предводи државната делегација која денеска во Ватикан ќе биде примена на аудиенција кај папата Франциско, во рамки на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св.Кирил“...
Државна делегација предводена од претседателот на Собранието, Вељаноски, ќе биде примена на аудиенција кај папата Франциско. Посетата е дел од традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“.
По аудиенцијата, Вељаноски ќе има средба со монсињор Пјетро Паролин, државен секретар на Светата Столица.
Во базиликата Санта Марија Маџоре, неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, во присуство на Епископот хераклејски, г. Климент, и членови на државната делегација, ќе ја благослови Спомен- плочата на благодарноста на македонскиот народ, за делото на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Во Рим, традиционално се одбележува овој празник, со посета на македонска делегација, која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во црквата Свети Климент, а поглаварот на МПЦ, чиноначалствува со молебен на гробот на Свети Кирил.
