Почнува кампањата за изборите на 5-ти јуни

16.05.2016 09:49

Како што стои во роковникот, предвидено е јавно собирање и други настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации, изборно медиумско и интернет преставување.

Според роковникот на ДИК, денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на петти јуни. Законски тревба да трае до трети јуни, до полноќ.

Како што стои во роковникот, предвидено е јавно собирање и други настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации, изборно медиумско и интернет преставување.

Државната изборна комисија за учество на изборите на петти јуни ја потврди само кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери.

Поради недостатоци, отфрлена беше кандидатската листа на народното движење за Македонија.