Четворица повредени во експлозија во Истанбул

16.05.2016 09:54

Според медиумите, експлозивната направа била поставена на автомобил паркиран на надвозник во истанбулската област Малтепе.

Најмалку четири лица биле повредени доцна синоќа при експлозија во Истанбул. Според медиумите, експлозивната направа била поставена на автомобил паркиран на надвозник во истанбулската област Малтепе.

Повредените биле хоспитализирани и се во сериозна состојба. Безбедносните сили го блокирале мостот за движење веднаш по силната експлозија.