Советот за безбедност ќе одржи седница за Косово

16.05.2016 09:59

Генералниот секретар на ОН изразил загриженост поради бавната примена на договореното во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово, на која ќе се разгледува извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун за работата на УНМИК и ситуацијата на Косово во изминатите три месеци.

Генералниот секретар на ОН изразил загриженост поради бавната примена на договореното во дијалогот меѓу Белград и Приштина. 

Во извештајот кој го опфаќа периодот од 16 јануари до 15 април оваа година, Бан Ки-Мун оценил дека на Косово треба да се работи на промовирање поголема толеранција и помирување меѓу заедниците, обезбедување заштита на малцинските права, како и да се олесни враќањето на раселените, да се поддржат нивните имотни права и да се заштити верската традиција.