Мировна конференција за Сирија и Либија во Виена

16.05.2016 10:46

На конференцијата ќе учествува шефот на американската дипломатија Џон Кери, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и шефовите на дипломатиите на регионалните сили, Иран и Саудиска Арабија.

Шефовите на дипломатиите на повеќе од 20 земји денеска и утре во Виена ќе разговараат за начините за решавање на кризите во Сирија и Либија, како и за конфликтот во Нагорно Карабах.

На конференцијата ќе учествува шефот на американската дипломатија Џон Кери, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и шефовите на дипломатиите на регионалните сили, Иран и Саудиска Арабија.

Главна тема на денешната средба ќе биде Либија и меѓународната поддршка за новата влада на народно единство.

Во вторник на дневен ред на состанокот во Виена ќе бидат примирјето во Сирија и политичкото решение на конфликтот.