Во Колумбија запленети рекордни осум тони кокаин

16.05.2016 11:04

Кокаинот бил откриен во провинцијата Антиокија и најверојатно му припаѓа на најмоќна криминална организација во колумбија „Лос Урабенос“.

Колумбиската армија соопшти дека силите за безбедност на Колумбија конфискувале осум тони кокаин во северозападните делови на земјата, што е најголема заплена на нелегални супстанци во историјата на јужноамериканската држава.

Кокаинот бил откриен во провинцијата Антиокија и најверојатно му припаѓа на најмоќна криминална организација во колумбија „Лос Урабенос“.

Членовите на организацијата се претежно поранешни борци од крајнодесничарски милитаристички групи.