Случај „Ќелија“: Обвинетите признаа вина, пресуда во среда
Поголемиот дел од нив, наведоа дека имаат семејства и побараа од судот поблаги казни. Пресудата ќе биде изречена в среда.

Обвинетите во случајот „Ќелија“ ја признаа вината. Уште петмина членови на групата поврзана со сириските боишта, ги прифати сите обвиненија што им се ставаат на товар.
Поголемиот дел од нив, наведоа дека имаат семејства и побараа од судот поблаги казни. Пресудата ќе биде изречена в среда.
Шестмина нивни соборци претходно ја признаа вината. Се спогодија со обвинителството, по што им беа изречени минимални затворски казни од пет и пол до седум години.
Групата е обвинета за врбување војници, кои ќе се борат за Исламска држава, но и за логистика, собирање пари, организирање транспорт на членовите на групата и директно учество во престрелките.
Меѓу обвинетите е и лекарот Стефан Стефановски, кој призна дека бил во Сирија за да ги лекува ранетите војници на ИСИС.
