Бензините поевтинуваат, дизелот со иста цена
16.05.2016 13:10
Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 62 денара за литар, два денара поскапе 98 октанскиот. Новата цена на дизелот е 47 денари.

Цената на бензините се намалува за половина денар, нема промена кај дизелот и кај екстра лесното масло за домаќинство, мазутот поскапува. Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката за новите цени, што ќе важат од полноќ.
Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 62 денара за литар, два денара поскапе 98 октанскиот. Новата цена на дизелот е 47 денари.
Во пресметката на регулаторот е влезена цената на суровата нафта на светските берзи, која во изминативе две недели била повисока за 2,58 проценти, додека курсот на денарот во однос на доларот бил понизок во однос на оној по кој беа формирани тековните цени.
